Осветлен е влезот и излезот на Штип кон Скопје и Велес
Осветлен е влезот и излезот на Штип, кој е и главната артерија на градот кон Велес и Скопје. Градоначалникот на општина Штип, Благој Бочвраски истакна дека заврши еден голем проект, кој на центарот на источниот регион му дава модерен и урбан изглед. Во реализацијата на овој проект инвестирани се околу 2,3 милиони денари. Средства обезбедени од буџетот на општина Штип. Новите столбови и лед светилки се поставени во должина од над еден километар.
-Овој влез беше без тротоар за пешаци, ниту клупи, корпи за отпадоци, ниту улично осветлување, а денеска гледаме сосема нов лик и дава ново светло на нашиот град. Се работи за должина од 1.300 метри на самиот пристап на градот, каде што веќе изградивме и тротоар, за поголема безбедност на студентите, кои студираат на Кампус 4, вели Бочварски.
Новите столбови на уличното осветлување се девет метри, а поставена е комплетна нова инсталација за ова улично осветлување. Дополнително осветлен е и новиот кружен тек кај поранешна Алумина, а инвестицијата чини околу 200.000 денари.
-Што значи 2,5 милиони денари беа тендерските постапки, што ги завршивме за да Штип заличи на еден модерен, вистински европски град во којшто самиот влез е првиот контакт на сите граѓани од околните места коишто доаѓаат. Тоа го правиме заради тоа што Штип мора да оди напред и да се развива, вели Бочварски.
Тој најави дека во тек е и постапка за осветлување на влезот и излезот од населбата Ново Село до училиштето „Искра“, од каде што се патува кон Радовиш и Струмица.
Ново на Сител
-

Стручна конференција: Кој го изврши атентатот врз Киро Глигоров?
-

Јаневска: Со новиот закон нема да се мешаме во автономијата на универзитетите
-

Преглед на вестите од светот
-

Работниците им го блокираат патот на пратениците до Собранието
-

Владата со одлука - да се проверат на сите фирми кои имаат лиценци за производство на канабис
-

Филипче: Акцијата на власата е дефокус од прашањето како 5 тони дрога поминале низ граница
-

Стручна конференција: Триесет години од атентатот врз Киро Глигоров
-

Охридскиот студентски дом два дена без струја

