-->
-->
Осветување на црквата „Света Петка Преподобна“ во Кавадарци
-->
Во Кавадарци денеска ќе биде осветено новото духовно светилиште за сите православни христијани, црквата „Света Петка Преподобна“. На осветувањето ќе присуствува вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Според предвидената програма, со чинот на осветување на новоизградениот храм „Света Петка Преподобна“ ќе чиноначалствува архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан во сослужение на митрополитот повардарски г. Агатангел, митрополитот преспанско- пелагониски г. Петар и митрополитот брегалнички г. Иларион.
По чинот на осветување ќе следи и света Архиерејска Литургија, а по нејзиното завршување и Свечена трпеза на љубовта.
По тој повод, Македонската православна црква, Повардарска православна епархија и ктиторите „Фени Индустри“, општина Кавадарци, фирмите „Кожувчанка“ и „Градба Промет“, ги покануваат сите верници од 8 часот да присуствуваат на светиот чин на осветување на црквата „Света Петка Преподобна“.
Изградбата на црквата „Св. Петка Преподобна“ започна пред пет години, а според верниците, но и експертите ова е една од најубавите цркви во Македонија градени во византиски стил од клесан камен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дрво падна врз жена во Скопје | ВИДЕО
-
Полицаец го напуштил работното место па пукал во воздух
-
Мемов: ЗНАМ ги „отвора вратите“ за сите членови на СДСМ
-
Од силниот ветер падна дрво во близина на „Веро Џамбо“
-
По најавите за поројни дождови УХМР со апел за внимание во одредени региони и реони
-
МВР: Лажни се поканите до граѓани за наводна тековна истрага
-
Лажна закана за бомба на аеродромот во Приштина
-
Топ Билд: Асфалтната база во Визбегово промовира индустриски еколошки напредок