-->
-->
Отчет на градоначалникот Чадиев, прогласени најдобрите за 2015 година во Велес
-->

Градоначалникот на Велес Славчо Чадиев денеска во своето обраќање денеска потсети на бројните реализираните проекти на општината во 2015 година, содржани и во книгата со отчет за сработеното, која веќе им се дели на граѓаните.
- Се што ветивме пред вас почитувани граѓани тоа и го реализиравме. Во новата 2016 година планираме да продолжиме со програмата пред се за поттикнување и изградба на нови индустриски капацитети во Општина Велес. Воедно, како локална власт ќе работиме и на изградба на нов покриен модерен пазар во Велес, дислокација на фармите од градот, реконструкција на преостанатите училишни згради во Велес и поставување на лифт во една од нив, изградба на нова детска градинка во едно од населените места. Што е посебно важно ќе продолжиме и со изградбата на нови водоводи и пречистителни станица и изградба на патишта и улици. Ќе продолжиме да градиме за подобра иднина на нашите деца и подобар живот на сите нас, најави градоначалникот Чадиев.
На свеченоста традиционално беа прогласени најдобрите во 2015 година и тоа за најдобар полицаец е прогласен и награден Ивица Ичиќ полицаец во СВР Велес, за најдобар пожарникар Божидар Драскачев возач пожарникар од ТППЕ од Велес. За најдобар хуманист беше прогласен Лефтер Николов хуманист со 108 пати дарувано крв и активист на Црвениот крст од Велес. За најдобар работник на ЈКП „Дервен“ беше прогласена Соња Михајлова метач на јавните површини во градот, за најдобар занаетчија Раско Стојковски занаетчија – плочкар, а за најдобар земјоделец за 2015 Драган Јовановски земјоделец од велешкото село Раштани.
За најдобро училиште на планот на рециклирање беше прогласено ООУ „Св Кирил и Методиј“ , а останатите училишта од градот кои исто така се вклучуја во еко акцијата добија пофалници.
Беа доделени и договорите на средношколците и студенти кои како најдобри добија стипендии од Општина Велес за учебната 2015/2016 година.
Свеченоста беше збогатена со музички настап на песни во изведба на вокално инструменталниот ансамбл „Керамичар“ од Велес. ад/цр/17:19
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Излегувањето на Груби од куќен притвор поздравено со огномет, бакљи и петарди, тој се оградува: „Не го организирав јас“
-

Клековски наредната недела ќе има средба со повредените од пожарот во „Пулс“ за нивното понатамошно лекување
-

Убиецот на Тупак осуден на 40 години затвор
-

Пилот шест часа летал за да го ‘нацрта’ познатиот ‘Крик’ – 250.000 луѓе го следеле подвигот на Flightradar24
-

Светот е далеку од исполнување на целта за запирање на уништувањето на шумите до 2030 година
-

Ѓорѓиевски: Продолжува акцијата за чистење на Скопје на повеќе од 50 локации
-

Трамп: На „нашиот“ Гренланд се подготвува обемно истражување на нафта, гас и минерали
-

Денеска се слави Покровот на Пресвета Богородица
