Отец Бобан: Коледарските огнови не се христијански обичаи, се пие алкохол и се јаде мрсна храна
Отецот Бобан од Македонската православна црква (МПЦ) во Тема на денот во Дневникот на Сител информира дека постои одлука на Скопската епархија, според која свештениците и поповите не смеат да учествуваат на коледарските огнови и да вршат богослужба.
-Вакви огнови ја губат смислата. Литургијата и богослужбата се правилен момент. Коледарските огнови ја губат традицијата. Порано се пееле побожни песни, а денес е сосема различно. Сега гледаме конзумација на алкохол и мрсна храна на ваквите настани во време на строг пост, како и ора и песни кои немаат никаква поврзаност со верата и Бога. Овие не се христијански обичаи и го губат христијанскиот елемент. Сепак верувам дека граѓаните имаат слух, рече отецот Бобан.
Отецот додава дека ова не е традиција, поради тоа што не се чествува насекаде низ Македонија.
Свештеното лице исто така информира дека лепчето со паричка не е традиција на Божиќ.
-Увезен е кај нас ваквиот обичај. Лепчето се крши само за Василица, додаде отецот Бобан.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
