Отфрлена можноста за жалба на Писториус до Уставниот суд на Јужна Африка

Јужноафриканскиот Уставен суд соопшти дека нема основа за жалба на Оскар Писториус, до оваа највисока правосудна институција на земјата, по преиначувањето на квалификацијата на убиството на неговата девојка.
Во објаснувањето на Уставниот суд се вели дека не се гледаат шанси за успех на една таква постапка.
Тоа значи дека судот на 18 април, ќе може да донесе конечна пресуда за случајот што предизвика голем интерес, не само во Јужна Африка, туку и во светот.
Поранешната јужноафриканска спортска ѕвезда, параолимпиецот Оскар Писториус, во февруари 2013 година, ја уби својата девојка Рева Стенкамп, пукајќи од пиштол, низ затворената врата на бањата во неговата вила во Преторија.
На првото судење, тој беше осуден на пет години затвор, за ненамерно убиство, па по една година помината во затворската ќелија, беше префрлен во домашен притвор, каде требаше до остане во следните четири години.
Второстепениот суд, одлучувајќи по жалбата на Обвинителството, во декември минатата година, го преквалификува случајот на Писториус , во убиство, за што е предвидена максимална казна затвор од 15 години.
Новата пресуда, за преквалификуваното кривично дело, треба да ја изрече истиот судија кој ја донесе и првичната пресуда, во октомври 2014 година.
Јужноафриканските медиуми пишуваат дека Јавниот обвинител бара максимална казна, затоа што уште од почетокот на случајот како и во текот на судењето, тврдеше дека Писториус пукал со намера да ја убие Стенкамп.
Како главен аргумент тој и полицијата ги посочуваа изјавите на некои соседи на атлетичарот, за тоа дека непосредно пред пукањето слушнале бурна расправија и викотници меѓу обвинетиот и жртвата.
Судијата на првиот процес не ги прифати овие докази, означувајќи ги како неуверливи и несигурни.
Писториус уште од моментот на апсењето се бранеше дека ја убил Стенкамп ненамерно, мислејќи дека во бањата се крие провалник, без да знае дека во меѓувреме, во бањата влегла неговата девојка.
Голем дел од јужноафриканската јавност и понатаму верува во неговата верзија за тоа дека не пукал со намера да убие.
Ново на Сител
-

Почина двегодишното дете повредено во Шуто Оризари за новогодишната ноќ
-

Деца ќе останат со инвалидитет, возрасни во болница поради користење на петарди
-

МВР го расчисти убиството за новогодишната ноќ
-

Се уште се бара Македонецот кој исчезна во пожарот во Швајцарија, бројот на загинати се искачи на 47
-

Запленети 10 килограми кокаин во околината на Скопје
-

Протест против 11 годишната затворска казна за Фатон Љури
-

Директорката Гиновска: Усје работи согласно законот, Владата се уште нема одлучено дали ќе го дислоцира
-

Законот за работно ангажирање стапи во сила
