Откако се раздвоија на патот кон ЕУ, сега Албанија ја поддржува европската интеграција на Македонија
Откако се раздвоија на европскиот пат, сега Албанија ја поддржува европската интеграција на Македонија. Албанската министерка за Европа која е во официјална посета на земјава, вели двете држави делат иста иднина, а Македонија со зајакнати европски институции ќе значи и сигурност за целиот регион. Според Спиропали, Албанија која за само 13 месеци успеа да отвори 34 поглавја, докажа дека е на вистинскиот пат. Сепак Албанија во моментов нема конкрени бројки дали ваквиот успех на европскиот пат ги зголемува барањата за државјанство од Албанците од Македонија.
За нас во Албанија е големо постигнување е што за 13 месеци отворивме 34 поглавја. Особено во делот на правото, борбата против корупцијата и почитувањето на малцинствата. Уште еднаш се покажа дека нашиот пат е вистинскиот. Овој процес не го гледаме како натпревар меѓу земјите кандидатки, туку како пат, кој го одиме заеднички, дестинација која е незибежна и приородна припадност на нашите народи. Албанија го поддржува интегрирањето на Македонија во Европската Унија, затоа што делиме заедничка иднина и затоа што овде живее еден држвотворен народ, којшто е 33 проценти според последниот Попис, истакна Сиропали.
Министерот Муцунски пак вели дека Македонија е подготвена уште утре да седне на разговори со Бугарија за ги надмине непринципиелните блокади на европскиот пат. Повтори дека без некаква форма на институционални гаранции дека македонската историја и идентитет нема да бидат предмет на преговори, власта нема да ги внесе Бугарите во Уставот. Според Муцунски радува фактот што се повеќе земји членки и европски институции ги разбираат македонските позиции, но не секаше да открие каков одговор добиле при послената посета на Брисел.
И од наша страна има подготвеност уште утре да седнеме да разговораме, да дискутираме како ќе ја одблокираме оваа непринципиелна блокада која и се прави на нашата држава. Но, доколку некој очекува дека оваа Влада туку така ќе се согласи и ќе направи отстапка, без да има сигурност по иднината и завршетокот на европскиот пат, кој да, фактички ќе зависи од нас и од реформите што ќе ги спроведеме, јавноста добро знае дека таква подготвеност од наша страна нема, бидејќи не планираме да создадеме ќорсокак како што создадоа нашите претходници, посочи Муцунски.
Муцунски и Спиропали на денешните средби ги потврија одличните односи помеѓу двете држави, со посебен акцент на зајакнување на економската соработка, особено во реализацијата на проектите од Коридорот 8, зајакнувањето на трговската размена и проширувањето на соработката во енергетиката. Откако Албанија отвори конзултат во Струга, се очекува наредната година да се отвори и македонски конзулат во Корча.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
