Откажан е Парискиот салон на книгата заради коронавирусот
Најголемиот француски литературен настан Салонот на книгата во Париз, што требаше да се одржи од 20 до 23 март е откажан, јави дописникот на МИА.
-Нашето чувство на одговорност нè обврзува да не ризикуваме со здравјето на сите оние што го прават успехот на Салонот на книгата на Париз, изјави претседателот на салонот, Винсент Монтањ.
Организаторите на саемот за книги во Париз, закажан за 20 до 23 март, во Порте де Версај, објаснуваат дека се почитуваат „одлуките на владата за забрана на собири на повеќе од 5.000 лица во затворени простори“ како дел од борбата против епидемијата на Ковид-19.
Откажувањето на саемот е тежок удар за француските издавачи кои се соочуваат со економски тешкотии. Овој саем, покрај литературни награди, што се доделуваат на есен, е предводник за продажбата на книги во текот на годината за овој сектор. За 39-то издание на саемот, во 2019 година, Париз пречека „3.000 автори и 1.200 изложувачи од речиси 50 земји“. Организаторите забележаа „многу мал пад на посетеност (помалку за два отсто) во контекст и напнатите социјални настани – протестите на жолтите елеци“.
Ново на Сител
-
Обвинителката Ленче Ристоска е задоволна од одлуката на Уставен суд
-
Тема на денот со Милан Стефаноски, надворешно политички аналитичар
-
Трамп: Русија е во подобра позиција за преговори од Украина
-
Изгоре стан во Кисела Вода – Пет лица се повредени
-
Со сатар и два ножеви скопјанец се обидел да влезе во Кривичниот суд
-
Од денеска замрзнати цени и маржи, казните за непочитување се до 10 илјади евра
-
Бизнисот ги бара парите од солидарниот данок, Финансии ги убедува да прифатат пребивање
-
МОН и СОНК пред потпишување на колективен договор