-->
-->
Откажани изборите во Ирачки Курдистан
-->
Ниту една од политичките партии во Ирачки Курдистан не предложи кандидати, поради што изборите за претседател и за регионалниот Парламент ќе бидат одложени, соопшти изборната комисија на Курдистан.
Изборите требаше да се одржат на 1 ноември, а рокот за поднесување кандидатски листи беше поставен минатата недела, а потоа продолжен до денеска.
Ирачки Курдистан се соочува со безбедносна криза по референдумот за независност и офанзивата на ирачката армија која притиска на границите на овој регион. Ирачките Курди се и политички поделени, меѓу фракција која се залага за независност од Ирак и политичари кои сметаат дека регионот мора да постигне компромис со властите во Ирак, како и со соседен Иран.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
11 Oктомври - Денот на народното востание
-
Димитриевски: Ја поздравувам одлуката на Уставен за балансерот
-
Филипче: Нема откажување од зацртаните цели
-
Да се внимава со користењето на водата на Охридското Езеро
-
Преглед на вестите од светот
-
Започна одбележувањето на 11 Октомври
-
Малолетници се обиделе да силуваат соученик со стаклено шише во Скопје
-
Тема на денот со Ивон Величковски, лидер на партијата Движење за нова република