-->
-->
Откриен идентитетот на убиецот на колеџот во Орегон
-->

Американските медиуми објавија дека 26-годишниот Крис Харпер Мерсер е убиецот на девет луѓе во во колеџ во градот Роузберг во американската сојузна држава Орегон. Мерсер беше застрелан од полицијата, пренесува БТА.
Според очевидците, црнецот Мерсер упаднал во колеџот Ампукуа пукајќи и прашувајќи ги студентите на која религија припаѓаат. Тој ги застрелал тие што се изјасниле како христијани.
Дел од американските медиуми јавија дека Мерсер бил студент на колеџот, како и оти напаѓачот претходно на интернет-страницата „4chan“ ги објавил своите намери за нападот во колеџот.
Градот Роузберг, кој има околу 20.000 жители, се наоѓа на околу 420 километри јужно од Портланд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Армијата одбележува 34 години од формирањето
-

Активни четири пожари, три се под контрола
-

ЕУ наесен подготвува најсеопфатен пакет санкции против Русија досега
-

Епидемијата на ебола во Конго стана најсмртоносна во историјата на земјата
-

Денес времето ќе биде сончево и топло до 38 степени
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
