Откриен најстариот материјал, кој постои 7,5 милијарди години

Научници кои анализирале метеорит, го откриле најстариот материјал за кој има сознанија дека постои на Земјата.
Тимот истражувачи од САД и Швајцарија пронашле во метеоритот, кој на паднал на Земјата во 60-те години од минатиот век, зрна прашина стари околу 7,5 милијарди години.
Зрната прашина се формирале во ѕвездите кои се распаднале многу години пред создавањето на нашиот Сончев систем.
Кога умирала една ѕвезда, честичките во нејзе се распрснувале низ вселената, а овие пред-соларни честички потоа се групирале во нови ѕвезди, планети, месечини и метеори.
Професорот Филип Хек од универзитет во Чикаго вели дека тоа се цврсти примероци од ѕвезди, вистинска ѕвездена прашина.
– Убеден сум дека има постари пред-соларни минерали во овој и во другите метеори, само се уште ги немаме пронајдено, вели Хек.
Професорот Хек, исто така, истакна дека благодарение на овие честички сега постои директен доказ за период на зголемено формирање ѕвезди во нашата галаксија пред седум милијарди години со помош на примерок од метеорит, сметајќи го за едно од клучните откритија.
Ново на Сител
-

Европскиот парламент го усвои извештајот за Македонија
-

Роналдо: Време е да дадеме сè за нашата земја
-

Мицкоски: Европратениците да се држат до европските вредности
-

Пицула: Власта во Србија нема политичка волја да комуницира со ЕП
-

Мицкоски: Ова не е спринт, ова ќе биде маратон, имајќи ги предвид грешките од минатото
-

Едукација под отворено небо и поддршка за згрижувачките куќи: Нова заедничка активност на Flex Credit и СОС Детско село
-

Во општина Могила пронајдени неексплодирани гранати
-

72-годишен маж од Зелениково починал откако бил прегазен од сопствениот мотокултиватор
