Македонија
17. December 2017 - 18:51

Откриен полицаецот кој го сликаше Митко Чавков во Шутка

Внатрешната контрола на МВР го открила полицаецот кој го сликаше екс министерот за внатрешни работи Митко Чавков во дворот на истражниот затвор.

Иако од полицијата се уште нема официјална потврда, според неофицијалните информации, по спроведената истрага, утврден е идентитетот на полицаецот од Посебната единица за поддршка кој што сликал од стражарската кула.

Снимањето на осомничените во Истражниот затвор Шутка е забрането со закон, а полицаецот може да се соочи и со кривична пријава за неовластено снимање и фотографирање.