Откриена Афродита во Јордан

Во текот на летото истражувачи од Универзитетот на Северна Каролина, предводени од професорот Том Паркер, во Петра, Јордан, пронајдоа две чудни статуи.
Станува збор за Статута Афродита, грчко-римска божица на љубовта и помала статуа на Купидон.
Остатоците од левата нога на Афродита засега не се пронајдени. Се смета дека статуите припаѓаат од вториот век на новата ера.
Професорот Паркер, професор по историја на Блискиот Исток работи истражувања веќе 45 години, н , според неговите зборови, досега нема пронајдено вака значаен примерок.
Истражувањата на локалитетот во Петра траат долго време, а новото откритие покажува дека истражувачите ги чека уште многу чудесни и важни откритија.
Како што истакнува професор Паркер, иако статуите не се она што тимот очекуваше дека ќе го најде, тие укажуваат на начинот на живот на тогашното локално население.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Дваесетина пожари во земјава, пожарот на Китка се уште гори
-

Има сериозни индиции дека најголем број од пожарите се подметнати
-

Лани двајца со западно-нилска треска, годинава досега 50 потврдени и 5 починати
-

Кога “договорците” во здравството ќе добијат решенија за работа?
-

Почна втората фаза на изгрaдбата на автопатот Скопје – Блаце
-

Реакции за изградбата на дата центри во Македонија
-

Министерот Сали позитивно гледа на изјавата на еврокомесарката Кос за проширувањето
