Откриени 30 мумии во Египет

Истражувачи во Египет пронајдоа 30 мумии на луѓе од различна возраст, меѓу кои и постари лица со артритис, деца и новороденче. Иако сè уште не ја датирале гробницата, научниците веруваат дека се работи за едно семејство кое со векови ги закопувало своите починати во неа.
Според Патрисија Пјачентини, професорка на Универзитетот во Милано, Италија, египтолог и раководител на ископувањата, погребувањата најверојатно биле извршени во периодот на Птоломеидите и Римска Империја – од првиот век пр.н.е. до вториот или третиот век н.е. Отворената некропола е едно од 300-те погребни места откриени околу Мавзолејот на Ага Хан што се наоѓа на врвот на мал рид близу Нил. Но, додека повеќето други гробници се под земја или ископани во карпести ридови, оваа е единствена по тоа што се наоѓа во поголема надземна структура. Тоа можеби значи дека местото веројатно се користело и за жртвување.
– Поради својата местоположба во долината, оваа зграда се чини дека била користена како свето место каде што се принесувале жртви на богот на плодноста Кнум, кој бил особено почитуван во Асван. Кој и посоодветен од него да им обезбеди вечен живот на оние што почиваат во оваа некропола?!, рече Пјачентини.
Раководителката на ископувањата истакна дека допрва треба да ги анализираат наодите за да се утврди нивната старост и другите подробности.
Ново на Сител
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
-

Путин: Наскоро сите ќе возиме кинески автомобили
-

Во Франција денеска ќе бидат затворени повеќе од 400 средни училишта поради протести на учениците
-

86 кг храна годишно по жител завршуваат во отпад од македонските домаќинства - глобално пропаѓаат над милијарда оброци дневно
