Откриено картелско работење
Комисијата за заштита на конкуренцијата изврши ненајaвен увид во 4 трговски субјекти и една стопанска комора во која се здружени истите, поради сомнеж за картелско здружување, односно договарање на цените.
При контролата во службените простории на правните лица, односно ланци на маркети кои вршат трговија на мало со прехранбени и непрехранбени производи, пронајдени се докази дека истите донеле незаконита одлука која и јавно ја објавиле преку средствата за јавно информирање.
Контролираните субјекти спротивно на Законот за заштита на конкуренцијата донеле забрана, односно се договориле дека ќе делуваат усогласено и нема да набавуваат стоки од добавувачи кои ќе достават нови ценовници за нивните производи, поради што е поведена прекршочна пријава против нив, се наведува во соопшението на КЗК.
Комисијата интензивно врши контроли кај повеќе правни субјекти кои имаат удел во синџирот на снабдеување со земјоделски и прхранбени производи и ќе презема најригороизни мерки и санкции на секое нарушување на конкуремнцијата на пазараор и нема да дозволи изигрување на законот на штета на граѓаните, додаваат од Комсијата
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека