Отровен гас пуштен над сирискиот град каде беше урнат рускиот хеликоптер, според сириски спасувачи
Сириската спасувачка служба соопшти дека хеликоптер исфрлил контејнери со отровен гас врз градот Саракиб, кој е во близина на местото каде по неколку часа беше соборен рускиот воен хеликоптер.
Потпаролот на Сириската цивилна одбрана (СЦО) изјави дека 33 лица, претежно жени и деца, настрадале од гасот во градот Саракиб.
СЦО, која се претставува како неутрална група на доброволци за спроведување спасувачки операции, објави снимка на Јутјуб, на која се гледа маж како тешко дише и кој добива противгас од лица во униформи на цивилната заштита.
Преставници на СЦО на местото на нападот со сомневаат дека станува збор за хлор, но не можат да го потврдат тоа.
- Паднаа буриња со средна големина со токсичен гас. СЦО не може да утврди за каков гас станува збор, изјави портпаролот на организацијата.
Сириската Влада и Русија се уште не дале коментар на овие тврдења.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица
-
Освен „шминка“, потребна е проверка и на стабилноста на објектите
-
Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново
-
Убиство во Штип
-
Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола
-
Мицкоски му одговори на Ахмети - Наместо за избори, подгответе се за одговорност
-
СДСМ бара поддршка за законските измени