Отруени кучиња во кавадаречкото село Шивец
Отруени се неколку кучиња во кавадаречкото село Шивец. Не е прв пат да се случува такво нешто во ова место, изјави кавадарчанецот Тони Јанев.
Информира дека му се отруени два загара кои ги одгледувал во семејната куќа во селото, во која често престојува, бидејќи работи во блискиот комбинат „Фени”.
- Пред извесно време непознатиот трујач исто така ми затру два загара, па едвај ги спасивме во ветеринарна амбуланта. И на други кои имаат куќи или викендички во селото, им се има случено ова. Затоа апелирам на внимателност, бидејќи за ваквата несовесност следуваат и законски санкции. Не сакам ниту да помислам што би се случило ако некој, кому му е отруено кучето миленик, ја презеде правдата во свои раце, вели Јованов за МИА.
Очекува непромисленоста да престане и вакви немили настани да не се случуваат и во иднина.
Претседателот на Месната заедница, Ванчо Апостолов потврди дека проблем има и дека се работи на негово решавање.
- Во селото, што се вели, има повеќе кучиња отколку луѓе. Според мене, врие од кучиња. Би рекол дека многу од нив шетаат без контрола и прават штета наоколу. Затоа и апелирам до сопствениците кои имаат кучиња миленици, да внимаваат на нив, додаде Апостолов.
Ново на Сител
-
Управителот на „Пулс“ е 60-тата жртва во пожарот, во подготовка втората и третата фаза од лекувањето на повредените
-
Променливо облачно, со температура до 20 степени
-
Препис од чудотворната икона на Пресвета Богородица-Скоропослушница, од Света Гора ќе пристигне во манастирот во Побожје
-
Два одделни протеста во Кочани
-
„Вашингтон пост”: Американските преговарачи надминати од Русите во преговорите за Украина, велат аналитичари
-
Бостон: Повеќе медицински сестри од исто болничко одделение добиле тумори на мозокот
-
Денвер загуби од Голден Стејт, Јокиќ постигна дабл-дабл
-
Рубио планира посета на Западен Балкан