Македонија
31. July 2016 - 16:57

Отстранет големиот дефект на хидромелиоративниот систем „Макарија”

По шест дена интензивна работа на терен, отстранет е големиот дефект на хидромелиоративниот систем „Макарија”, од кој со вода за наводнување се снабдуваат земјоделските површини во атарите на Градско и во Росоманско.

Илија Темелковски, технички директор на АД Водостопанство на Македонија, подружница „Тиквеш” од Кавадарци, денеска информираше дека во најскоро време водата за наводнување повторно ќе се врати во каналската мрежа и без проблеми ќе продолжи наводнувачката сезона.

- Се работеше за голем дефект на левиот магистрален канал од хидромелиоративниот систем „Тиквеш”, поранешено „Макарија”, на сифонот кај росоманското село Камен Дол, прецизира Темелковски. сд/вј/16:09