Отстранета дивоградба на скопското Кале

Овластен градежен инспектор, со техничка механизација, вчера ја отстрани дивоградбата која незаконски се издигна во близина на скопската тврдина Кале, соопштија денеска од општина Центар.
Како што информираат оттаму, импровизираното градилиште претходно, на 18 септември, било затворено од страна на општината, а на инвеститорот му било наложено во јасно одреден законски период да ја отстрани дивоградбата. Откако инвеститорот не постапил по решението и продолжил со изградба, Секторот за инспекциски работи на општина Центар пристапи кон отстранување на дивоградбата.
– Инвеститорот гради градба без поседување ниедна дозвола и одобрение за градење издадено од општината, а воедно дел од градбата се наоѓа и во со закон строго заштитена зона за градби, односно тврдината Кале, велат од општина Центар.
Оттаму апелираат апелираат до граѓаните да ги почитуваат законите и правилата за градба, како и да се придржуваат кон законските процедури за изградба на објекти.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Родителите на загинатите во „Пулс“ повторно маршираат
-

Тема на денот со Светлана Силјановска, консулантка за стратешки комуникации
-

Убиство во Охрид
-

Убиство во Охрид
-

Поевтинување на бензинот, благо поскапување на дизелот, очекува Владата
-

Стратешки дијалог Македонија – САД во април
-

Европската интеграција во фокус на средбата на Филипче со хрватскиот опозиционер
