Отстранети 615 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје за една недела

Во текот на изминатата недела, екипите на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ - Скопје подигнале и транспортирале 615 кубни метри отпад од диви депонии на скопската територија.
ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје изутринава соопшти дека приближно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад биле отстранети од улицата „Џон Кенеди“, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, каде што веќе подолг период било забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.
- Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје минатата недела изготви 21 записник за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота, од коишто 13 записници се врачени на територијата на скопската општина Чаир, информираа од претпријатието.
Додадаваат дека продолжува секојдневното одржување јавна хигиена преку рачно и машинско метење на булеварите и поголемите улици, плоштадот и улицата „Македонија“, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев“ и „Слобода“, како и Старата скопска чаршија.
МИА
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
