Отворен 19. Скопски филмски фестивал
Со филмот „Сен Амур“, кој го отвори и последното издание Берлинскиот филмски фестивал, синоќа во кино „Милениум“ беше отворен 19. Скопје филм фестивал.
„Сен Амур“ е најнов филм на белгиско-францускиот режисерски двоец Беноа Делепин и Густав Керверн, со Жерар Депардје и Кјара Мастројани во главните улоги, во кој се појавува и познатиот француски писател Мишел Уелбек.
Фестивалот ќе продолжи до 30 април и ќе понуди 80-ина филмови кои ќе се прикажуваат во кината „Милениум“ и „Форсина“ и во Кинотеката на Македонија. Меѓу нив е и скопската премиера на филмот „Лазар“, македонско-хрватска копродукција во режија на Светозар Ристовски.
Во соработка со Амбасадата на Шпанија, организирана е и ретроспектива на филмови на режисерот Педро Алмодовар, во која ќе бидат прикажани неговите рани дела. На годинашниот СФФ е и програмата на авторски филм (во селекција на Татјана Јаневска), Панорама на светскиот филм – за која селекцијата, како и за програмата Фокус на францускиот филм, ја направи Навид Сарем од Франција. Тој е професионалец во европската филмска индустрија и од Париз пристигна во Скопје специјално за фестивалот. Во соработка со Кинотеката на Македонија, пак, ќе биде прикажана програмата Фокус на тајванскиот филм.
Ќе има и најнови кратки и документрарни фимови од македонската продукција.
Селекцијата на кратки филмови ја направи филмскиот критичар Владан Петковиќ од Србија, кој пишува за „Screen Intrnational“ и е селектор за неколку фестивали.
Во рамки на документарната програма, утре во Кинотека на Македонија ќе биде прикажан македонско-германскиот долгометражен документарен филм „Маргина“ на режисерот Љупчо Темелковски. Документарецот е за ромско семејство кое се издржува со препродажба на дрва за огрев, но, опкружено со расизам и омраза, семејството решава да емигрира.
Ново на Сител
-
Тројца починати од паднато дрво во бурата во Мичиген, стотици илјади домаќинства останаа без струја
-
САД ја олеснуваат бирократијата за инвеститорите со нов указ на Трамп
-
Законски измени за забрана за употреба на пиротехнички средства во затворен простор
-
Марин Ле Пен: Нема да се кандидирам во 2027, но ќе продолжам со борбата
-
Облачно со повремен дожд и слаб ветер
-
Белата куќа: Секоја земја која неправедно постапува кон САД ќе биде цел на дополнителни царини
-
Иванова второпласирана на велосипедскиот маратонот во Камбрилс
-
Од 14 април почнува заедничката гранична контрола на граничен премин Долно Блаце-Елез Хан