Отворен ден на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор во Битола

Директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов за време на денешната посета на подрачната единица во Битола оствари средби со граѓани корисници на нивните услуги, станови или деловен простор во сопственост на акционерското друштво.
Според Грозданов, за време на последната официјална посета на Битола пред 6 месеци, денеска забележал значително решавање на проблемите со кои се соочуваат граѓаните во становите што ги користат, а најчести проблеми се поврзани со капиларна влага, застарена дограма, прокиснување на кров, оштетни врати или проблеми со лифтовите.
- Во овој момент во Битола располагаме со вкупно 450 објекти, станови, куќи и деловен простор. Проблемите што ги регистриравме пред 6 месеци а беа пријавени од поголем број граѓани во најголем дел или околу 90 отсто се решени. Нормално е да се појавуваат и нови проблеми кои заеднички ќе ги решаваме, но важно е дека на обострано задоволство се намали бројот на проблеми кои како институција ги решаваме а се поврзани со живеењето во нашите згради, истакна Грозданов.
Грозданов потврди дека зголемена е изградбата на комерцијални станови во Битола и ако во минатиот период биле изградени 100 сега се изградени повеќе од 300 станови.
- Ги повикувам младите брачни двојки да ја искористат поволноста за стекнување со сопствен стан бидејќи цените се поволни односно потребно е учество од 30 насто со отплата на 15 години и каматна стапка од 4 насто. Но ќе продолжиме и со изградба на т.н. социјални станови како што тоа се прави во Македонски Брод, Гостивар и Кочани каде во трите градови се градат 140 станови. Во Битола предадовме 80 социјална станови и по вселувањето на станарите досега не се пријавени извесни аномалии или проблеми, истакна Грозданов.
АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор во наредниот период доколку се јави потреба од менаџирање на средства ќе изврши продажба на деловен простор а средствата ќе бидат наменети за изградба на станови за лица од програмата социјални категории, беше истакнато на денешниот отворен ден со граѓаните во Битола.
Ново на Сител
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
-

Намален прометот во индустријата во јануари
-

Пролетна акција за чистење во Скопје, институциите заедно за почиста и уредена урбана средина
-

Савески изгласан за нов државен јавен обвинител
-

Татко крадел пари од црква додека со него било неговото малолетно дете
