Отворен ден на Армијата како дел од активностите на вежбата „Одлучен удар“
На градскиот плоштад во Гостивар денеска ќе се одржи Отворен ден за граѓаните како дел од активностите на воената вежба „Одлучен удар“ што ќе се одржи на армискиот полигон „Криволак“.
На Отворениот ден, граѓаните ќе имаат можност да ја видат опремата и да остварат директна коуникација со припадниците на армиите кои ќе учествуваат на вежбата.
На настанот најавено е присуство на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, претставници од Министерството за одбрана, Генералштабот на Армијата и Амбасадата на САД.
Вежбата „Одлучен удар“ ќе се одржи од 5 до 9 овој месец, а ќе учествуваат околу 2.700 војници од армиите од пет држави сојузници – САД, Литванија, Албанија, Бугарија и Црна Гора. Целта на вежбата е зајакнување на стандардните оперативни процедури на единиците, подобрување на интероперабилноста, уанпредување на заемното разбирање и доверба и зајакнување на меѓусебната соработка.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест во Скопје на родителите на загинатите во кочанската дискотека
-
Кочани повод за втора интерпелација за Тошковски за 100 дена
-
Апелационен суд Штип: Бектеши останува во притвор
-
Кос: Македонија е тажна приказна на Балканот која предолго чека влез во ЕУ
-
Семејствата на настраданите во Кочани на протест пред јавното обвинителство во Скопје
-
Пратениците расправаат за интерпелација на министерот Тошковски
-
Николоски: Предвремени избори нема да има