Отворен ден на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост

Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост денеска во просториите на Центарот ќе одржи Отворен ден на дневниот центар за лица со интелектуална попреченост – Порака по повод 3-ти Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
Отворениот ден се организира со цел да се подигне степенот на познавање и разбирање на потребите и проблемите со кои се соочуваат лицата со интелектуална попреченост и да се зголеми свеста за позитивните придобивки од нивното вклучување во секојдневниот живот на заедницата.
Во рамките на Отворениот ден, Центарот ќе врачи 3-то Декемвриски благодарници на поединци, институции и организации кои во текот на 2015 година дале свој придонес во остварувањето на програмските активности на РЦПЛИП – „Порака“.
Благодарници ќе добијат Град Скопје, Општина Прилеп, амбасадор на Република Италија во Република Македонија Ернесто Масимо Белели, „Добредојде – Macedonia Welcome Centre”, Винарска Визба „Тиквеш“ и Дирекцијата за заштита и спасување на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Убиство во Росоман, син си ја заклал мајката со нож
-

Стојанче призна вина дека ја тепал, но не и дека ја навел Ивана да се самоубие
-

Советот на Јавни обвинители ја отфрли претставката на Ленче Ристовска против премиерот Мицкоски
-

Потребно е проширување на понудата на културниот туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Документарен филм „Природно од Преспа“
-

Тема на денот со Дарко Дaнев, кандидат за ректор на УКИМ
-

Обвинителството тврди дека промената на обвинителката нема да влијае врз предметите за „Пулс“
