-->
-->
Отворен ден на Институтот Данте Алигиери и Агенцијата за европски образовни програми
-->

Отворен ден на Институтот Данте Алигиери во Скопје и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе се одржи денеска во канцеларијата на Секретаријатот за европски прашања.
На настанот ќе бидат презентирани активностите на Институтот кои вклучуваат јазични курсеви по италијански јазик, испити за добивање на сертификатот PLIDA за познавање на италијанскиот јазик и промоција на италијанскиот јазик и култура.
Ќе бидат претставени и можностите на програмата за мобилност Еразмус+, која годинава одбележува 30 години од постоењето.
Настанот е организиран во соработка со Амбасадата на Република Италија во Македонија, Секретаријатот за европски прашања и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Предложен притвор за гостиварчанецот кој силуваше 14-годишно девојче
-

Чернобил - 40 години потоа: Катастрофата што го потресе светот
-

Трамп: Овој напад нема да ме одврати од војната во Иран
-

Напаѓачот од Вашингтон призна дека мета му биле американските политичари
-

Сончево со локална облачност
-

Трамп евакуиран по пукање на новинарска вечера во Вашингтон – едно лице повредено
-

Лажна била дојавата за бомба во „City Mall“
-

Арагчи: Останува да се види дали САД се сериозни во дипломатијата
