-->
-->
Oтворен е стационарот за бездомни животни Лајка
-->

Отворен е стационарот за бездомни животни Лајка. Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов, вели дека станува збор за објект кој за разлика од Вардариште“ ќе има поголем внатрешен капацитет и наместо 80 метални боксови ќе има нови 100 апартмани за кучиња со подно греење и вентилација, согласно стандардите пропишани во правилниот за прифатилишта од Агенцијата за храна и ветерина. Директорка на стационарот Тина Петрушевска, вели дека на улица има 1970 кучиња, а дневно добиваат по 30 повици од граѓани кои бараат дислокација на овие бездомни животни. Отварањето на Јавно претпријатие се најавуваше многу пати до сега, а почна со работа по година и пол од назначувањето на директорката на оваа функција.


Елена Милошевска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
