Отворен градскиот базен во Куманово
Граѓаните на Куманово од денеска ќе можат да се рекреираат на градскиот базен. Со објектот ќе стопанисува ЈП „Чистота и зеленило“.
- Примопредавањето од општината на јавното претпријатие траеше еден месец, додека не се усогласат сите законски и подзаконски акти и се она што е потребно за нормално функционирање. Од денеска сите граѓани кои се љубители на пливачкиот спорт, имаат можност од 8 до 22 часот да се вклучат во рекреативно пливање, изјави градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски.
Директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ Сашо Петрушевски информира дека се обезбедени фискални каси и додаде оти еден час пливање ќе чини 100 денари.
Петрушевски нагласи дека на базенот е истакнато времето во кое можат граѓаните да се капат. Граѓаните ќе имаат можност да извадат месечен и неделен билет. Досега базенот го користеа само пливачките клубови и учениците од основните и средните училишта во рамки на програмата за развој на училишен спорт.
Ново на Сител
-
Началникот на Армијата на конференција на Воениот комитет на Нато
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не може да се дистанцира од Груби
-
СДСМ: Кошничките на Мицкоски – целосно промашување
-
Новогодишната кошничка даде резултат
-
СЗО: Осум лица заразени со вирусот Марбург починаа во Танзанија
-
Облачно и студено наместа со повремен слаб снег, од петок пораст на дневните температури
-
Успешна, примерна и инспиративна приказна за една вистинска љубов
-
Во Скопје три лица искасани од кучиња скитници