Отворен кабинет на МВР Спасовски на 20 октомври во СВР Велес, граѓаните можат да закажуваат термин за средба

Проектот Отворен кабинет на Министерството за внатрешни работи, во рамки на концептот „МВР за ГРАЃАНИТЕ“, продолжува на 20 октомври во просториите на СВР Велес.
Од МВР информираат дека граѓаните од ова подрачје од денеска во текот на целата недела, можат на телефонски на бројот 072 33 31 85 или електронски на MVRJAVNOST@moi.gov.mk, да си закажат термин за средба со министерот, а неговиот тим ќе ве пречека и ќе ви овозможи да го презентирате вашето размислување, идеја или предлог, да бидете дел од процесот на креирање политики во врска со безбедноста која нѐ засега сите нас.
Со проектот „Отворен кабинет“ се опфатени секторите за внатрешни работи, директно или преку посети на нивните одделенија.
- Заеднички уште еднаш да покажеме дека соработката меѓу полицијата и заедницата е суштинска за поголема безбедност на граѓаните, дека мислењето на секој граѓанин е значајно и да продолжиме со продлабочување на нашата определба - полицијата во служба на граѓаните, наведуваат во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-

Бугарскиот парламент гласа за владата на Радев
-

Сиљановска: Бугарските граѓани очекуваат стабилност, а ние соговорник
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е подготвен на ново предавство со Бугарија
-

Генералка викенд во Скопје
-

Прилеп го доби првото официјално Собирно место за селекција и одлагање на отпад
-

Преглед на вестите од светот
-

Арсовски: Реконструкцијата треба да е робусна, а СДСМ треба да се плаши од избори
-

Тема на денот со Петар Арсовски политички аналитичар
