Отворена истрага против лице кај кое биле пронајдени марихуана и амфетамин

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишен скопјанец, осомничен дека сторил кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
-При претрес во домот на улица „Охридска“, во кој престојувал осомничениот 36-годишен скопјанец, била пронајдена наркотична дрога – марихуана со вкупна нето тежина од 276,43 грама, како и психотропна супстанција – амфетамин со вкупна нето тежина од 486,06 грама. Освен ова, во домот биле пронајдени и полиетиленски пакувања со 29 таблети со жолта боја и втиснато лого „ТЕСЛА“ кои претставуваат психотропна супстанција 3,4 метилен-диоксиметамфетамин (МДМА), како и дигитални ваги и стаклен тас со остатоци од наркотични дроги и психотропни супстанции, соопшти Јавното обвинителство.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи оценил дека се исполнети законските основи и дека постојат околности кои укажуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело.
Ново на Сител
-

Приведени три лица, а вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Приведени двајца крадци во Скопје, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот
-

Д-р Гавриловска Брзанов со повик за поддршка на органодарителството
-

Г.г. Стефан на молебенот за св Кирил: Вашето дело не исчезна со вековите, вашата жртва раѓа нови плодови
-

Лишен од слобода гостиварец, управувал возило без дозвола, под дејство на алкохол
-

Мицкоски: Влашката заедница има значаен придонес во градење на македонската држава
-

Администрацијата на Трамп воведува ново правило за аплицирање за „Зелена карта“
-

Реал Мадрид втор финалист во Евролигата
