Отворена изложбата „Скопје 1963 - пред и потоа“

По повод одбележувањето 52 години од катастрофалниот земјотрес што во 1963 година Скопје го остави во урнатини, синоќа скопскиот градоначалник Коце Трајановски ја отвори изложбата „Скопје 1963 - пред и потоа“ во Музејот на Град Скопје.
- Од колективната меморија на скопјани не е избришан 26 јули 1963 година. Скопје се сеќава на неколкуте минути во кои жителите на нашата престолнина ја почуствуваа уривачката моќ на природата. И по 52 година од најтрагичните мигови на поблиското минато, во многу скопски семејства неизбришливи се сеќавата на катастрофалниот земјотрес, а бројните гробови се доказ за 1.070-те трагични човечки судбини. Во татнежот на земјотресот илјадници семејства ги загубија своите домови, а сериозно беа оштетени и објекти од јавен каратер, како што беа стариот театар и офицерскиот дом, рече Транаовски.
За среќа, како што истакна, веста за пустошот што го остави катастрофалниот земјотрес бргу се прошири низ светската јавност, а хуманоста на светот не изостана.
- Набргу по трагедијата, во време на веројатно најголемата светска поделба, како резултат на студената војна, во нашиот град се состанаа Истокот и Западот со цел да ја ублажат болката и страдањата на скопјани. Ние и денес сме благодарни за првата помош што им беше пружена на нашите сограѓани што останаа без основни услови за цивилизиран живот, но и за изградбата на неколку градски населби како долгорочно решение за станбените потреби на скопјани, посочи Трајановски.
Потсети дека Скопје денес е познат како град на солидарноста најмногу поради хуманитарниот ангажман на државите од Европа и светот, но и затоа што и скопјани, и жители на другите македонски градови, неуморно беа ангажирани во пружањето на непосредна помош на загрозените, но и во изградбата на еден речиси нов и модерен град.
- Во изминативе педесетина години ентузијазмот во развојот и изградбата не е смален и затоа Скопје решително се движи кон идеалот да стане соверемена престолнина, истакна Трајановски.
На изложбата, преку презентираниот материјал може да се види забрзаниот развој на градот. На одбраниот материјал е прикажано централното подрачје на Скопје пред земјотресот и потоа, до осумдесеттите години. Избрани се фотографии направени за изложба реализирана во Музејот на Град Скопје во осумдесеттите години на ХХ век, „Напоредни фотографии на Скопје“ и избор на фотографии од Киро Георгиевски, користени за изложбата „Старо Скопје“, реализирана во Музејот во 1993 година.
Посебен додаток на изложбата е донацијата на семејството Битољану на документарни фотографии на фотографот Томислав Петернек, снимени непосредно по земјотресот, за време на неговиот престој во Скопје.
На изложбата „Скопје 1963 - пред и потоа“ присуствуваа претседателот на Советот на Град Скопје Ирена Мишева и Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија Олег Шчербак.
Ново на Сител
-

Во ЕУ има 15,7 судии на 100 000 жители, а во Македонија 20,1
-

Лишени од слобода крадци во Стар Дојран, украденото ќе биде вратено на сопственикот, следува пријава
-

Фејсбук недостапен за илјадници корисници ширум светот
-

Меси: Што и да се случи во финалето, Аргентина веќе напиша историја
-

ИЈЗ: Водата во Гостивар не треба да се користи за пиење ниту по превривање - миење заби, раце и храна со флаширана
-

Приведени тројца по претреси во скопскиот регион, пронајдени дрога, пиштол и куршуми
-

Обвинителство: Утре се очекуваат резултатите од испитувањата на водата од гостиварскиот водовод
-

Трамп: Загинувањето на американските војници е трагедија, новите напади врз Иран се казна за Револуционерната гарда
