-->
-->
Отворени денови на АД за стопанисување со станбен и деловен простор со граѓаните Кочани
-->

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Република Македонија денеска во Кочани организираше отворени денови со граѓаните.
Во Подружницата во Кочани која ги покрива и општините Виница, Македонска каменица, Делчево, Пехчево, Берово и Кочани, на средба со директорот Цветко Грозданов присуствуваа поголем број граѓани.
- На денешната средба граѓаните најмногу се интересираа за изградбата на станови наменети за социјалнои ранливите групи, издавање на станови наменети за социјално ранливите групи, откуп на станови сосптвеност на РМ .Стана збор и за изградбата и продажбата на комерцијални станови, слободен деловен простор за издавање под закуп и за продажба, истакна директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор Цветко Грозданов.
Тој информираше дека социјалната зграда со 43 стана во Кочани веќе е готова и е направен интерен технички прием, по што се очекува таа да биде доделена на Министерството за транспорт и врски за понатамошна распределба до крајните корисници во соработка со Министерството за труд и социјална политика.
Цветков најави изградба и на социјални станови во општините Пробиштип, Виница и Пехчево за што од општините имаат добиено локации за градба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Лебот и пецивата под притисок за поскапување
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Дизелот од полноќ поевтин за 8 денари, бензините за 4 денари по литар
-

Македонија втора недела под топлотен бран - не се исполнети условите за црвена фаза
-

Пожарен аларм низ Европа: Македонија под висок ризик, огнот беснее во регионот
-

СДСМ поднесе кривични против здравствените власти - ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со години молчеле за неисправната вода
-

Истекува рокот за притвор на Груби, без обвинение следуваат поблаги мерки
