Отворени денови на Платежната агенција
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој идната недела почнува со Отворените денови за граѓаните.
Од 13 август до 13 септември Отворени денови ќе се одржуваат во Гостивар, Тетово, Могила, Новаци, Битола, Богданци, Демир Хисар, Струга, Свети Николе, Кочани, Струмица, Гевгелија, Виница, Пробиштип, Дојран, Охрид, Ресен, Кичево, Штип, Кратово, Кавадарци, Велес, Неготино и валандово.
Целта е реализирање директни средби со земјоделците и претставниците на бизнис заедницата кои ќе имаат можност да се информираат за поволностите на програмите за финансиска поддршка, да се запознаат со работата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Платежната агенција, да разговараат за прашања од нивен интерес и за проблеми со кои се соочуваат при аплицирањето, како и да побараат стручна помош.
Отворените денови се и прилика институциите да ги слушнат проблемите на земјдоелците во однос на користењето средства од програмите за земјоделството и руралниот развој.
- Подигнување на нивото на информираност и свесност на земјоделците за множностите што се нудат со програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој е од големо значење за поголемо искористување на предвидените средства, стои во најавата од Платежната агенција.
Ново на Сител
-
Исчезната 71 годишна велешанка
-
Мицкоски: И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија, одбиена жалбата на СДСМ
-
Во Грција едно од двете седишта на европската програма за безбедни сателитска телекомуникации GOVSATCOM
-
Против лицата кои го малтретираа кучето Феликс, поднесено е обвинение
-
Собранието ја констатираше оставката на Илире Даути
-
Спасовски: Единствениот одговорен во Собранието е Африм Гаши
-
Деветгодишно дете почина на Детската клиника во Скопје
-
Дизелот поскапува за две денара, цената на бензините не се менува