Отворени денови со полицијата на ГП Делчево
Во рамките на Отворените денови со полицијата и по повод 7 Мај - Денот на македонската полиција, Регионалниот центар за гранични работи Исток денеска организираше посета и едукација на ученици од основните училишта во Делчево на Граничниот премин Делчево со соседна Бугарија.
Милчо Станојковски, самостоен инспектор за превенција во РЦ за гранични работи-Исток, истакна дека целта на оваа активност е најмалите да се запознаат со улогата и задачите на граничните полицајци.
- Сакаме да им покажеме на учениците кои активности ги презема и што работи граничната полиција, односно МВР. Да ја видат опремата со која се врши обезбедување на државната граница, начинот на работење на Граничниот премин при легално поминување на граѓаните кои сакаат да ја поминат граничната линија, рече Станојковски.
Тој истакна дека вакви активности и средби со ученици ќе бидат организирани и во општините кои спаѓаат под надлежност на РЦ за гранични работи Исток, како што се Струмица, Крива Паланка, М. Каменица и Пехчево.
Инаку, делчевскиот граничен премин во континуитет бележи пораст на фреквенцијата на патници. Во однос на 2015, минатата година има зголемување за 18 отсто на влез и излез од државата, односно државната граница ја поминале 550 илјади граѓани. Во првите четири месеци од оваа година бројката на влез и излез од државата е 172 илјади патници. Најголема фреквенција на преминот има за празници, кога за 24 часа поминуваат и до 3 илјади граѓани.
Ново на Сител
-
Претседателот на Владата Мицкоски ќе ја предводи македонската делегација на Самитот на НАТО
-
ЦУК: Сите 18 пожари на отворено се изгаснати и од нив активни утрово нема
-
Санкционирани 134 возачи во Скопје
-
Сончево и топло, максималната температура до 38 степени
-
Во Израел денеска е ден на протести, со барање за распишување избори
-
Втор круг од парламентарните избори во Франција, се предвидува релативна победа на десницата
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека по околу половина час
-
Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива избран на вонредниот конгрес во Куманово