Македонија
6. October 2018 - 8:24

Отворено 17-то издание на фестивалот „Албански театар во Македонија“

Во Центарот за култура ,синоќа свечено беше отворен фестивалот „Албански театар во Македонија", кој традицонално по седумнаесетти пат се одржува во Дебар.

Честа, први да се претстават пред дебарската публика им припадна на членовите на Националниот ансамбл за песни и ора „Шота“ од Приштина со кореодрамата „Кумт“ посветена на Ѓерѓ Кастриот-Скендербег подготвена во чест на 550 годишнината од неговата смрт и во рамки на „Сенационалната година на Скендербег“.

Преполната сала беше воодушевена од прекрасната изведба која на крајот беше позадравена со бурен аплауз,посебно носителите на главните ликови Бесник Граичевци во улогата на Скендербег и Артиола Шаља во улогата на Доника.

Кореограф и режисер на претставата е Ѓерѓ Превази.

Вечерва ќе биде прикажана претставата  „Волпоне“ во режија на Сулејман Рушити а во изведба на татарот од Тетово.

Следните денови пред дебарската публика ќе се претстават театрите од Ѓирокастро, Прешево и Гњилане,како и театарската група на Факултетот за драмска уметност при тетовскиот универзитет  а завршува на 11 октомври со претставата „Жени“ на албанскиот тетар од Скопје и доделување на наградите за науспешните. 

-Со фестивалот сум од самиот почеток.Низ годините се соочувавме со многу потешкотии, посебно од финансиска природа, но секогаш сме изнаоѓале начини тој да опстои. Посакувам во следниот период да немаме проблеми и оваа значајна манифестација и понатаму да живее, порача Илбер Нуредини, директор на фестивалот на отворањето.

Според него фестивалот, со 600 илјади денари е подржан од Министертвото за култура на Република Македонија, како и други спонзори, за кои Управата на фестивалот додели посебни признанија. Посебна благодарност Нуреди упати до „Дебарски Бањи-Цапа“ за сестраната подршка во одржувањето на фестивалот. За првпат, фестивалот годинава финансиски не го подржа локалната власт.