Отворено 37. „Скопско лето“

Триесет и седмото „Скопско лето“ синоќа беше отворено со гала оперски концерт на солистите и оркестарот на Македонската опера и балет на плоштадот „Мајка Тереза“ (плато пред МОБ), под диригентство на Бисера Чадловска.
Меѓународната културна манифестација традиционално почнува на првиот ден на летото и на Светскиот ден на музиката. Скопскиот градоначалник Коце Трајановски го отвори „Скопско лето“ и потсети дека пред 37 години Дирекцијата за култура и уметност ја почна долгата историја на „Скопско лето“.
- Неочекувајќи дека овој фестивал, и покрај упорноста и истрајноста, ќе прерасне во културно обележје и симбол на уметничкиот живот во нашиот град, ентузијастите на Дирекцијата ни докажуваат дека за уметноста не постои ни време, ни простор како ограничувачки фактор. Изминативе години, преку внимателно избрана програма на „Скопско лето“ настапија голем број изведувачи и ансамбли, понудувајќи и ја на љубителите на уметноста својата енергија во различни жанрови и уметнички правци, рече Трајановски.
Постоењето на фестивалот „Скопско лето“, како што рече, е важно затоа што во текот на 40 дена, во веројатно најтоплиот период од годината, успева да го привлече вниманието на публиката што е гладна за уметнички настани, да задржи во градот значителна група скопјани, како и да го привлече вниманието на странските посетители.
- „Скопско лето“ дава исклучителен придонес кон богатата туристичка понуда на Скопје. И оваа година програмите ќе се реализираат на 19 локации и простори во Скопје, како што се: театри, ликовни галерии, музеи, Старата скопска чаршија, Сули ан, Куршумли ан, централното градско подрачје и други, кои што во квечерините на летото се претвораат во летни сцени, добивајќи нов лик и функција, истакна Трајановски.
Годинава на „Скопско лето“ предвидени се 40 вечери исполнети со уметност од околу 900 учесници во 52 програмски термини, од кои 19 музички настани, 10 ликовни изложби, 11 филмски проекции, 9 театарски претстави и други содржини, кои ќе бидат презентирани од домашни и изведувачи од 19 држави во светот.
Во рамки на „Скопско лето“, синоќа со почеток во 20 часот во Национална галерија на Македонија „Чифте амам“ беше отворена изложбата на скулптури „Обичен човек“ на Жарко Башески.
Организатор на „Скопско лето“ е Дирекцијата за култура и уметност - Скопје, а покровители се Министерството за култура и Град Скопје.
Ново на Сител
-

Средба на Андоновски во Сеул со потпретседателот на Светска банка за дигитализација и вештачка интелигенција
-

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани
-

Бегство од смртта – преживеаните од терористичкиот напад на Хамас врз фестивалот „Нова“ ги раскажуваат своите приказни
-

По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани пpоблемите, наскоро конкретни мерки
