Отворено „Културно лето Карпош 2016“

Македонската пејачка Елена Ристеска синоќа го отвори 9. „Културно лето Карпош 2016“. На платото пред ТЦ „Скопје Сити Мол“ настапија и Бубе Најдановска, Мартија Станојковиќ и Антониа Гиговска.
Мотото на годинашново културно лето во Карпош е „Летно културно освежување и време за хуманост“. Сите граѓани ќе имаат можност на поставените штандови да донираат производи и парични средства, да купат маичка со логото на годинашното издание на Карпошовото културно лето по симболична цена. Собраната донација ќе се достави до семејствата кои настрадаа во неодманешните поплави.
На „Културно лето Карпош 2016“ ќе има изложба на скулптури со звуци од класичната музика на концертното трио Џентлмен, а креативен театарски перформанс ќе одржат беспрекорните стендап комичари Маријан Георгиевски и Никола Тодоровски.
Предвидена е детска програма во чии рамки ќе се одржи театарска претстава со дополнителна музичка програма.
Во следните 15-тина дена ќе настапат и Тони Китановски, „Темпера“, Андријана Јаневска како составен дел од „МИТАН ПРОЕКТ“, Харе и Гиш, хоровите „Кочо Рацин“ и „Борец“, Џина Папас Џокси, Влатко Илиевски, „Силви бенд“. Кон крајот на културното лето, на плоштадот „Делфина“ ќе гостува Хари Мата Хари. Ќе се одржи и диџеј маратон, во чест на диџеј Бабура.
Ново на Сител
-

Околу 25.000 Македонци ќе заминат на сезонска работа во странство
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Радев очекува поддршка од Макрон
-

Филипче бара референдум за уставни измени
-

Анкета: Највисока доверба во војската, најмала во судството
-

Ќе се затрупува градежната јама за свлечиштето да не се прошири на околните објекти
-

Помалку патници во градскиот автобуски превоз
-

Во „Аџибадем Систина“ отворен првиот Центар за тироидна жлезда во земјава
