Балкан
7. September 2016 - 19:06

Ова е храбрата Стоја: И извадија тумор од 31 килограм, а таа на лекар дојде поради ногата

Стоја Поповиќ (52) на која лекарите од Бања Лука и извадија од стомакот туморот на јајниците тежок 31 килограм, се чувствува добро и е испратена на домашно лекување.

Таа се врати со своето село Бранешци каде успешно се опоравува.

Лекарскиот тим од Универзитетскиот клинички центар на Република Српска кој го сочинуваа 11 лица, од хирурзи до инструментаки, го направија овој подвиг. За пациентката велат лекарите таа операција беше за да и го спаси животот. Овој комплициран зафат траел 4 часа.

Stoja na operacionom stolu... Foto privatna arhiva

Стоја вели дека се чувствува добро и дека раната не ја боли, но мора да мирува и да се чува од напор. Оваа ситна женичка вели дека поради страв од лекари се довела до речиси безизлезна ситуација. Таа речиси две години ги одбивала советите од роднините и соседите да оди на преглед, кога стомакот почнал да и расте.

Стомакот почнал да и расте пред неколку години, но таа мислела дека се здебелила. Меѓутоа брзо станало јасно дека не е тоа само вишок на килограми, но не се жалела на тешкотии и болки и продолжила да живее како и претходно.

-Ми беше страв, не можам да ви кажам зошто, само се чувствував непријатно кога размислував за тоа, вели Стоја.

-Не би отишла никогаш, да не ја повредев ногата работејќи на нива и мораше да дојде Итна помош. меѓутоа штом и го видела стомакот, лекаите ја донеле во КЦ, каде набрзо е договорена и направена операцијата која и го спаси животот.

 

View image on TwitterView image on TwitterView image on Twitter

 
-Толкава туморска маса која се наоѓа во стомакот, ги загрозува виталните функции на сите органи, почнувајќи од циркуалцијата, функцијата на бубрезите, црниот дрог, цревата, велам ова нешто ретко се гледа во клиничката пракса, вели Драган Ракановиќ, анестезиолог.
 
Но Стоја ко Стоја вели дека едавај дека целосно да се опорави и раната да и зарасте за да се врати на своите секојдневни обврски околу селското стопанство.
 
Инаку, таа живее сама во семејната куќа, а само повремено, кога не е на терен доаѓа помладиот брат Миладин.