Ова е храбрата Стоја: И извадија тумор од 31 килограм, а таа на лекар дојде поради ногата
Стоја Поповиќ (52) на која лекарите од Бања Лука и извадија од стомакот туморот на јајниците тежок 31 килограм, се чувствува добро и е испратена на домашно лекување.
Таа се врати со своето село Бранешци каде успешно се опоравува.
Лекарскиот тим од Универзитетскиот клинички центар на Република Српска кој го сочинуваа 11 лица, од хирурзи до инструментаки, го направија овој подвиг. За пациентката велат лекарите таа операција беше за да и го спаси животот. Овој комплициран зафат траел 4 часа.
Стоја вели дека се чувствува добро и дека раната не ја боли, но мора да мирува и да се чува од напор. Оваа ситна женичка вели дека поради страв од лекари се довела до речиси безизлезна ситуација. Таа речиси две години ги одбивала советите од роднините и соседите да оди на преглед, кога стомакот почнал да и расте.
Стомакот почнал да и расте пред неколку години, но таа мислела дека се здебелила. Меѓутоа брзо станало јасно дека не е тоа само вишок на килограми, но не се жалела на тешкотии и болки и продолжила да живее како и претходно.
-Ми беше страв, не можам да ви кажам зошто, само се чувствував непријатно кога размислував за тоа, вели Стоја.
-Не би отишла никогаш, да не ја повредев ногата работејќи на нива и мораше да дојде Итна помош. меѓутоа штом и го видела стомакот, лекаите ја донеле во КЦ, каде набрзо е договорена и направена операцијата која и го спаси животот.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници