Ова е момчето кое загина во забавниот парк во Пефкохори

Младиот маж по име Јани отишол кон рингишпилот со својот брат, додека неговата мајка и другиот брат стоеле и ги гледале.
Мајката и братот на младото момче (19), ужасно врескале додека ја гледале трагичната сцена откако се скршило седиште на рингишпил во забавниот парк во Пефкохори.
Според преживеаниот брат, двајцата прво седнале на едното двојно седиште, но операторот им рекол да се префрлат на другото, што и го направиле.
„Пред да започне возењето, рече дека ќе биде силно. Отпрвин сè почна полека, а потоа побрзо и побрзо. Почувствував како ни се лизга седиштето, му реков на брат ми: „Јани, лизгаме“. Тој ме погледна, но немаше време да каже нешто. Тогаш почувствував како ми се откачи дел позади грбот, а брат ми одлета“, рекол братот на загинатиот млад човек.
Потоа раскажал како успеал да се спаси.
„Во секунда паднав на грб и сфатив дека брат ми веќе не е до мене. Грчевито се држев за железната шипка… Сето ова се случи пред другите, пред нашиот брат и мајка. Операторот го немаше никаде, други лица ја запреле машината „Кога се симнав, видов дека брат ми лежи на земја“, рекол младиот човек.
Полицијата го приведе сопственикот на забавниот парк, а истрагата за трагедијата е во тек.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Борис Георгиевски, Дојче Веле на македонски јазик
-

Мицкоски на средби со државни и бизнис делегации во Давос
-

Грипот и понатаму со бројки над 2000 случаи – досега три смртни случаи поради компликации од вирусот
-

Во струмичко-валандовскиот регион речиси двојно повеќе заболени од грип во однос на лани
-

Скратени часови во „Здравко Цветковски“ поради проблем со парното
-

Шилегов и Деспотовски контра Филипче, тој ги обвинува за соработка со власта
-

Застаре уште едно кривично дело на екс премиерот Груевски
-

СВР Скопје станува Оддел за внатрешни работи, поголеми ингеренции и повисоки плати за скопската полиција
