Ова се новите цени на горивата!
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поевтинуваат за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 61 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 63 ден/лит. Според одлуката на Регулаторната комисија, цената на дизелот ќе биде 44 ден/лит, а на екстра лесното масло за домаќинство 32,50 ден/лит.
Се намалува и цената на мазутот М-1 НС за 0,609 ден/кг така што сега тој ќе се продава по цена од 16,228 ден/кг.
Регулаторната комисија појаснува дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот четиринаесетдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 4,51 проценти, а кај дизелот намалување во просек за околу 0,55 проценти.
Ново на Сител
-
Украдени електрониката и каблите од новиот водовод на Трескавец, пуштањето во употреба одложено за март
-
УГД со бесплатни часови за матурантите по математика, физика, хемија и биологија
-
Младите сакаат брза заработка, не се заинтересирани за пракса
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино