-->
-->
Ова се новите возни редови на ЈСП: Проверете ја линијата на вашиот автобус
-->

Нови возни редови има на линиите „7“, „17“, „18а“, „21б“, „28“, „56“, „56а“, „65а“„15“, „15а“, „24“,„65в“, „11“, „11а“, „18“, „33“, „44“, „58“, „58а“, „58б“, како и „80а“, „163“ и „165“.
19 Декември 201616:21
Повеќе линии на ЈСП претрпуваат одредени измени. Така, нови возни редови имаат линиите со броевите „7“, „17“, „18 а“, „21б“, „28“, „56“, „56а“, „65а“. Корекции на одредени термини на поаѓање ќе имаат и линиите со броевите „15“, „15а“, „24“,„65в“, „11“, „11а“, „18“, „33“, „44“, „58“, „58а“, „58б“, како и „80а“, „163“ и „165“. Овие измени се донесени со одлука што беше усвоена на последната седница на градскиот совет. Истовремено, согласно оваа одлука, пробната линија со број „28“ која сообраќа до Македонско село станува редовна линија.
Линијата број „13“ ќе ја промени крајната дестинација и наместо од Железара до игралиштето во Кисела Вода, сега ќе оди само до Кисела Вода. Измена има и линијата број „24“ која наместо Кисела Вода – Припор – Тафталиџе2, сега ќе оди од игралиштето во Припор до Тафталиџе2. И приградската линија „65в“ ја менува трасата и од Транспортен центар ќе оди до Стајковци, Инџиково, Црешево и патот за Брњарци.
„Одлуката која беше донесена од страна на Советот на Град Скопје, а се однесува на измените во превозот, официјално стапува во сила осмиот ден од објавувањето во ’Службен гласник на Град Скопје‘. За оваа одлука и за почетокот на нејзината примена патниците ќе бидат своевремено информирани и измените ќе можат да ги најдат посетувајќи ја веб-страницата на ЈСП. Корекциите на времето на поаѓање и пристигнување на одредени линии и нови возни редови се направени врз основа на барањата и потребите на граѓаните“, вели Билјана Јанкуловска, одговорна за информирање во ЈСП.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Обезбедувач извлечен жив од подрум на трговски центар осум дена по двата земјотреси во Венецуела
-

Приведени три лица поради подметнат пожар на багер во скопски Чаир
-

Се запали гнездо во Росоман, спасени мајката и трите штркчиња
-

Бројот на починати од ебола во ДР Конго надмина 400
-

Мицкоски: Порано пензиите се зголемуваа по 20 денари, а сега обезбедивме по 7.000 денари
-

Тошковски за случајот на врсничко насилство во Скопје: Кривични пријави за насилство за децата и нивните родители
-

Захарова: Никогаш во историјата Русија не го прекинала гасот за Европа
-

39-годишен затвореник пренесен во болница во Штип, го силувал 59-годишник осуденик
