Свет
7. April 2016 - 10:16

Оваа држава во целост го забрани алкохолот!

Властите во источната индиска држава Бихар објавија целосна забрана за продажба и конзумација на алкохол.

Премиерот Нитиш Кумар објави дека забраната ќе биде вовдена постепено ширум државата во наредните шест месеци. Тој, меѓутоа, предупредил на рокот, велејќи дека „сега е вистинско време за општествени промени во Бихар“.

Кумар изјавил дека се одлучил на целосна забрана на алкохолот откако добил „голема поддршка“ од јавноста.