Оваа жена се венчаше со Исус Христос, да добро прочитавте
Џесика Хејз (38) спаѓа во групата од 3.000 луѓе во светот и само 215 во САД кои се издвојуваат по нешто. Таа е заречена девича, што значи дека го посветила својот живот во служба на Бога и постојана невиност.
-Мислам дека во некоја смисла сите се предодредени да бидат во брак. Така, мојот брак е со Христа - изјави Џесика.
Џесика Хејз се венчаше со Исус Христос во саботата во Форт Вејн во Индијана.
На свеченоста во католичката црква присуствуваа стотина луѓе.
Таа им изјави на новинарите дека и требале многу години молитви и слушање на Бога за конечно да дојде на помислата дека својот живот ќе го органзира така што ќе стапи во брак со Исус.
Ако нејзиниот избор на партнер е чуден, нејзините подготовки за големиот ден се слични како кај повеќето девојки.
На прашањето кое презиме ќе го користи Џесика одговори дека и натаму ќе биде госпоѓица Хејс.
Погледнете го видеото:
Ново на Сител
-
За брзо возење казнети 553 возачи
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон
-
Одложено судењето за „Шпански скали“
-
За прв пат од 2004 година, ниту Ѓоковиќ ниту Надал нема да бидат во четвртфиналето во Рим
-
Главчев и Радев по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат
-
МНР: Да се почитува Договорот од Преспа - со Грција развивме високо ниво на политички дијалог
-
Реулаторна ќе објави нови цени на горивата
-
Почувствуван земјотрес во Хрватска