-->
-->
Овој татко ги шокираше сите! - Ја влечел за коса својата петгодишна ќерка додека шетале низ супермаркет
-->

Еден татко наводно ја влечел за коса својата петгодишна ќерка додека шетале низ супермаркет. Косата на девојчето била замотана околу врвот на количката за купување.
– Те молам престани! Ветувам дека нема да се однесувам така повторно. Те молам престани! – викало детето, според зборовите на очевидци.
Инцидентот се случил во маркетот „Вол март“ во Кливленд, во државата Тексас. Фотографиите ги направиле купувачите Ерика и Роберт Бурч, кои го пријавиле случајот што сега се истражува од страна на полицијата.

– Луѓето велат дека сум погрешила затоа што застанав во одбрана на девојчето, но никој не може да ги научи децата на дисциплина со влчење за коса, особено не во „Вол март“ – изјавила Ерика за медиумите.
Полицијата од Кливленд издаде соопштение преку Фејсбук, во кое се наведува дека тие добиле повеќе повици во врска со овој настан.

Таткото бил повикан на разговор на кој кажал дека неговата петгодишна ќерка е многу немирна и дека може да ја смири само доколку ја држи за коса. Очекувано и оваа негова изјава наиде на остри осуди од страна на јавноста.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Мицкоски: Ги следиме случувањата во Србија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Диви депонии
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Спасувачка акција на Мавровскo езеро
-
Почина мотоциклист по тешката сообраќајка во Влае - моторот преполовен на два дела
-
Мицкоски: Без разлика дали ми се допаѓаат или не, нема да коментирам судски одлуки