Овошјето, виното и чоколадото може да помогнат за понизок крвен притисок
Лошата диета е еден од клучните фактори за кардиоваскуларни болести. Поради тоа, од исклучително значење се истражувањата за врската меѓу исхраната и крвниот притисок.
Во еден таков научен труд на Универзитетот во Ридинг, Англија, стручните лица откриле врска меѓу поголемиот внос на флавонол и понискиот крвен притисок кај испитаниците. Во истражувањето објавено во „Сајентифик рипортс“ учествувувале повеќе од 25.000 луѓе. Резултатите посочуваат дека целокупното зголемување на нивото на флавонол може да помогне во намалување на крвниот притисок.
Флавонолите се природни соединенија кои се наоѓаат главно во овошјето и зеленчукот. Тие се една причина зошто храната – од црвеното вино до чоколадата – е поврзана со здравствени придобивки, но исто така се наоѓаат и во јаболката, бобинките...
За време на ова истражување, исто така, е откриено дека клучната разлика меѓу учесниците со најголем наспроти најмал внос, е разликата меѓу два и четири милиметри жива (mmHg).
– Претходните истражувања врз поголеми групи, секогаш се потпирале на податоците што испитаниците ги кажале за себе, за да се извлечат заклучоци. Но, ова е прв труд што објективно ја истражува врската помеѓу одредено биоактивно соединение и здравјето, објасни проф. Гантер Канл, нутриционист, кој раководеше со испитувањата.
Добрата вест, според него, е тоа дека има многу други причини да се прибегне кон храна богата со флавонол, покрај тоа што помага во спречувањето висок крвен притисок.
– Бобинките се одлични за здравјето на цревата, јаболката се добар извор на влакна, а одредени чаеви може да помогнат при надуеност, главоболка… Поврзаноста којашто ја забележавме може да се припише на внесувањето на флавонол, тврди Канл.
Ново на Сител
-
Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники
-
Македонските државјани во Србија гласаат на вториот круг од претседателските избори во Македонската амбасада во Белгрaд
-
Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри
-
Поевтинуваат горивата, ова се новите цени
-
Граѓаните утре можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321
-
Цените на угостителски услуги во април зголемени за 2,5 проценти
-
Курти: Од четврток е можно заменување на српските со косовски регистерски таблички
-
Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март