Пациент скрил нож во анусот и избоде двајца болничари на клиника

Пациент од Клиниката за психијатриски болести „Д-р Лаза Лазаревиќ“ во ноќта меѓу четвртокот и петокот нападна со ноќ двајца техничари од таа клиника. Притоа пациентот А.В.(55) на едниот медицински работник му исекол вена на раката, а другиот се здобил со повеќе убоди во пределот на грбот и вратот.
Се сомнева дека пациентот и покрај тоа што бил претресен од страна на полицајците кои со лисици на рацете го довеле на клиника сепак неколку часа пред тоа прошверцувал сечило криејќи го во аналниот отвор.
Пациентот А.В. по приемот добил соодветна терапија, а поради агресивноста бил фиксиран за кревотот. Меѓутоа тој со ножот ги исекол кожните држали и ги нападнал болничарите.
Едниот имал навистина среќа зошто бил избоден во вратот, но без да му биде пресечена артерија.
Од болницата велат дека се чести нападите врз медицинскиот персонал, а Министерството за здравство и покрај напорите не може да ги заштити.
Од болницата велат дека полицајците направиле превид при претрес на пациентот.
Ново на Сител
-

Ден по големото невреме што го погоди Скопје
-

Во Гостивар состојбата се следи тековно
-

Реконструирано одделението за трауматологија во ЈЗУ Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
-

Втор ден од официјалната посета на претседателката на Индија во Македонија
-

Незадоволство во Ѓуземелци, од Општина Лозово велат дека се дезинформации
-

Тема на денот со доктор Драган Даниловски
-

Големо невреме го зафати Скопје
-

Преглед на вестите од светот
