Пациенти од пожарот во Кочани лекувани во Хрватска, Шведска и Италија, денеска се враќаат во државава

Четири од повредените лица во пожарот во Кочани, денеска се враќаат од странство, соопшти Министерството за здравство.
Станува збор за двајца пациенти кои се лекувани во Хрватска, еден во Шведска и друг во Италија.
- Во странство се хоспитализирани 60 пациенти. Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти, појаснуваат од Министерството за здравство.
Во болниците во државава во моментов се лекуваат седуммина пациенти. Четворица се во хируршката клиника „Свети Наум Охридски“, двајца пациенти во приватната болница „Систина“ и еден пациент на Клиниката за пулмологија.
Од Министерството за здравство истакнуваат дека континуирано се следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и понатамошна рехабилитација.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна рано наутро на 16 март. Во трагедијата животот го загубија 61 лице, а близу 200 беа поврдени.
Ново на Сител
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
-

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки
-

Лазаров: Португалците се дојдени тука да се борат за медал
-

Облачно и студено, од вторник кон крајот на денот врнежи од снег
-

Обвинение за помагачите на бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена во Капиштец
-

Претрес во викендица во село Војник, пронајден пиштол и други предмети
