Пациентот со трансплантирано срце пред два дена закрепнува по операцијата
Пациентот кому завчера му беше пресадено срце се чувствува добро и закрепнува по успешно изведената трансплантација.
– Сашо се чувствува добро по извршената трансплантација на срце. Тој е контактибилен и се опоравува. Од голема важност е постоперативниот период. Му посакувам многу здравје и што побрзо да се врати на вообичаените животни навики, објави министерот за здравство Венко Филипче утрово на Фејсбук.
Ова беше шеста трансплантација на срце во земјава од мај минатата година. Донор на срцето е млада пациентка кај која во вторникот на КАРИЛ и била дијагностицирана мозочна смрт, а нејзиното семејство одлучило да ги донираат нејзините органи.
Филипче пред два дена објави дека млада пациентка се подготвува да прими бубрег од донорот и дека ќе бидат експлантирани и коскени ткива.
– Голема благодарност до семејството за нивниот хуман гест. Да се мисли да се спаси туѓ живот во моменти кога се губи животот на најблискиот е храброст и човечност кои немаат цена, напиша Филипче.
Ново на Сител
-

Почна изградбата на нов мост во Штип, вреден 70 милиони денари
-

Речиси 1.000 загинати во земјотресите во Венецуела, над 50.000 се исчезнати
-

Преглед на вестите од светот
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
