Пацоли: Косовската Влада работи на формирање Заедница на српски општини
Косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли изјави за „Блиц“ дека косовската Влада работи на формирање Заедница на српски општини, но не може да предвиди дали тоа ќе биде за три недели, односно до 20 април.
– Уште пред да се случи несреќниот случај со Марко Ѓуриќ, нашата Влада почна активности околу сите бриселски договори, и меѓу останатото и за ЗСО. Минатиот понеделник одржан е состанок на држави од АЕУ (Гермаија, Британија, Италија и Франција), амасадорот на САД и претставник на ЕУ. Постои и техничка група која беше двапати во Брисел и работи на имплементација на сите бриселски договори, изјави Пацоли.
Според него, српскиот политички фактор би требало да соработува со косовската Влада.
– Владата е подготвена со брзо темпо да работи на имплеменатација на сите договори и ЗСО. Дали тоа ќе биде за три недели никој не може да предвиди, изјави Пацоли за „Блиц“.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза