Пацоли најави дека Мадагаскар го признал Косово
Косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли денеска изјави дека африканската држава Мадагаскар ја признала независноста на Косово.
- Задоволство ми е да најавам дека, на маргините на самитот на Франкофонијата, Мадагаскар го призна Косово како независна и суверена држава, напиша Пацоли на својот Твитер профил, објавувајќи фотографија од неговата средба со министерот за надворешни работи од Мадагаскар.
Косово и Србија се навлезени во нова рунда на натпреварување обидувајќи се да издејствуваат, односно спречат, нови признавање на Косово. Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ исто така учествува на самитот во Париз и најави дека има средби со држави за кои Косово тврди дека го признале и воспоставиле дипломатски односи. Неодамна двете држави спореа околу тоа дали Гвинеја Бисао се уште ја признава независноста на Косово или ја отповикала оваа одлука.
Ново на Сител
-
„Да ги пуштиме нозете колку ни е долга чергата“ рече Мицкоски за барањето 450 евра минималец
-
Кога пензионираните пилоти за ер тракторите ќе се вратат на работа?
-
Традицијата продолжува - Златните денови Кратово 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Фестивалот за народни песни и инструменти викендов во Прилеп и Долнени
-
Матураните со понизок успех од лани - Просечна оценка 3,25 на државната матура
-
Таравари и Клековски во посета на Клиниката за онкологија - Нови вработувања и отворање на нови амбуланти
-
Советот на јавни обвинители против предлогот на премиерот Мицкоски за распуштање