Пацоли најави формирање на ЗСО и косовска армија
Првиот потпретседател на косовската Влада и шеф на дипломатијата, Беџет Пацоли изјави дека Заедницата на српски општини ќе биде формирана, но не во овој период.
Пацоли посочи дека моментно примарен проблем за Косово е демаркацијата на границата со Црна Гора.
Според него, разговорите меѓу Косово и Србија во Брисел треба бездруго да продолжат, а во исто време досега потпишаните договори треба да се имплементраат од двете, а не само од една страна.
- Сметам дека Заедницата на српски општини ќе се формира. Но, знаете имаме некои проблеми во нашиот Парламент. Сега имаме проблем со демаркацијата на границата со Црна Гора. Добро знаете дека сме во процес на визна либерализација (со Еу). Сметам дека нешто што е договорено во Брисел треба да се спроведе и од Белград и од Приштина. Треба да се исполнат обврските, изјави Пацоли за српски „Телеграф“.
Шефот на косовската дипломатија зборува и околу формирањето на косовските вооружени сили, односно трансформацијата на Косовските безбедносни сили во армија на Косово.
- Ние ќе сториме се според законот и Уставот. Сметам дека ќе се формираат вооруженте сили. Српска листа можно е да гласа за ова прашање. Ако не денес, тогаш утре, изјави Пацоли.
На прашањето дали може тој да престојува во Белград, а претседартелот на Србија, Алескандар Вучиќ во Приштина, Пацоли за шефот на српската држава вели дека е „човек кој е добро познат во Косово и е добре дојден во Косово“.
- Вучиќ може да дојде и сега. Може да ви кажам дека тој е многу познат во Косово и сите луѓе добро ќе го дочекаат во Косово. За мене не знам дали ќе ме познаат и дал сум добредојден во Белград, но за Вучиќ сум сигурен дека секогаш кога да посака е добредојден во Косово, изјави Пацоли.
Ново на Сител
-
МОН мобилизира мрежа од 100 психолози за да помогнат на кочанчани и околината
-
Вонредни инспекции ги тресат угостителите
-
Се проверуваат сите 1.100 лиценци издадени согласно Законот за градба, речиси 100 се одземени
-
Млади од Тетово бараат правда за несреќата во Кочани, но и за Ласкарци и модуларната болница
-
Преглед на вестите од светот
-
10 пациенти пуштени на домашно лекување, Таравари апелира граѓаните да не собираат пари сами, лекувањето е бесплатно
-
27 лица и 3 фирми осомничени за пожарот во Кочани, 30-дневен притвор за екс министерот Бектеши
-
Николовски: Се контролираат и лиценци за изградба на сите објекти